На денешната конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, премиерот Христијан Мицкоски порача дека ова тело не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата.
Како што кажа, оваа Влада ја започнала борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела.
-Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање на нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите.
Јасно и гласно сакам да порачам: Нема селективна правда. Нема заштитени. Нема недопирливи. Украденото мора да се врати кај народот, истакна премиерот.
Додаде дека денес се поставуваат темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци.
-Ова е борба за правна држава. Ова е борба за доверба. Ова е борба за достоинството на граѓаните. И во таа борба, нема да отстапиме, порача Мицкоски.
Деск
ИМАМЕ НАД 50 ПРЕДМЕТИ ЗА ВИСОКА КОРУПЦИЈА, ЌЕ СЕ ОТВОРААТ И НОВИ, А УКРАДЕНОТО ЌЕ СЕ ВРАТИ КАЈ НАРОДОТ, ПОРАЧА МИЦКОСКИ
1 Min Read

