На денешен ден пред 77 години е роден македонскиот пејач и автор Војо Стојановски (1949-2014). Голем број на негови народни песни оставија трага во македонската музика, а помеѓу најпознатите се „Ти донесов млада невеста“, „Свадба голема“, „Една мисла имаме“ и други.
Во својата богата кариера, Стојановски реализираше над 35 турнеји во странство и важеше за омилен изведувач кај нашинците во старнство.
За неговите професионални почетоци во музиката, во постаро интервју раскажуваше дека најслужни биле гајдаџијата Пеце Атанасовски, како и Јонче Христовски и Мате Грујовски, кои биле во жири комисијата на манифестацијата „Избираме најдобар работник – пејач“, која се одржала во Пробиштип во 1975 година.
Војо победил со песната „Море абер дојде Ајше ле мори“, а Атанасовски, Христовски и Грујовски го препознале неговиот талент и инсистирале тој да се посвети професионално на музиката кареира.
Во годините потоа, Стојановски стана препознатливо име на сцената, а важеше и за голем родољуб. Текстот за големиот хит „Една мисла имаме“ го напишал за време на турнеја низ Австралија.
Војо почина на 65-годишна возраст, по кратко боледување.
Деск
ЗА ВРЕМЕ НА ТУРНЕЈА НИЗ АВСТРАЛИЈА, ГО СОЗДАЛ ХИТОТ ,,ЕДНА МИСЛА ИМАМЕ”: 77 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВОЈО СТОЈАНОВСКИ
1 Min Read
Previous ArticleИМАМЕ НАД 50 ПРЕДМЕТИ ЗА ВИСОКА КОРУПЦИЈА, ЌЕ СЕ ОТВОРААТ И НОВИ, А УКРАДЕНОТО ЌЕ СЕ ВРАТИ КАЈ НАРОДОТ, ПОРАЧА МИЦКОСКИ
Next Article ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА

