Популарниот пејач Здравко Чолиќ, заедно со сопругата Александра и помалата ќерка Лара бил во својата вила на Дедиње, Белград, во моментот кога била фрлена бомба, објавија српските медиуми.
Во настанот никој не е повреден, но била причинета огромна материјална штета. Оштетен бил и автомобил кој бил паркиран во близина.
Врз вилата вредна неколку милиони евра, во која пејачот со семејството се всели пред помалку од две години, бомбата била фрлена синоќа, додека сите спиеле.
Како што раскажуваат нивни соседи за тамошните медиуми, се слушнал застрашувачки силен звук.
Инаку, домот на Чолиќ имал високи мерки на безбедност, како и две големи капии, со цел семејството да ја зачува својата приватност.
Пред да се вселат во вилата на Дедиње, Чолиќ ја продадоа вилата на Кошутњак за повеќе од еден милион евра, кон крајот на 2023 година.
Надлежните екипи се уште вршеле увид, со цел утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.
Деск
ЗДРАВКО ЧОЛИЌ, СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА СПИЕЛЕ КОГА БИЛА ФРЛЕНА БОМБАТА ВО НИВНИОТ ДОМ, СЕ УТВРДУВААТ ОКОЛНОСТИТЕ
1 Min Read

