Без своето возило БМВ останал велешанец, кој во раните утрински часови при сообраќајна контрола приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, а пак во македонската возачка имал впишано забрана за возење.
-Рано утринава, во 02:40 на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29) од Велес, соопшти СВР Велес.
При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што на увид приложил возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, за која постои сомнение дека е фалсификувана и која му била одземена.
Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.
Деск
ОДЗЕМЕНО БМВ НА ВЕЛЕШАНЕЦ, ВОЗЕЛ СО ФАЛИСИФИКУВАНА ВОЗАЧКА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ
1 Min Read

