На денешен ден пред 24 години прерано згасна животот на Петранка Костадинова (54), доајен на македонската народна и новокомпонирана песна.
На 3 февруари 2002 година, во приквечерината, познатата пејачка загина во сообраќајна несреќа во средиштето на Скопје. Пред несреќата, таа била во МРТВ за да ја направи студиската снимка на песната што требало да ја изведува на престојниот фестивал “Гоце Фест”. Тоа беше воедно и нејзината последна снимена песна.
Петранка беше удрена од патничко возило на обележан пешачки премин, додека на зелено светло го минувала булеварот. 29-годишниот возач управувал со голема брзина, а возилото го купил истиот ден.
Зад Костадинова остана нејзиното семејство, сопругот и двата сина, како и бројни роднини и пријатели, не само во Скопје, каде живееше, туку и во Неготино, каде ја помина својата младост и кои до денес ја спомнуваат.
Петранка Костадинова важеше за доајен на македонската народна музика, а во текот на нејзината 35-годишна долга кариера. Таа во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни песни.
Нејзина најпозната песна беше “Кирјана”, но често ја поврзуваа и со нејзината интерпретација на “Ја излези стара мајко”, “Едно малој моме”, “Трај душо трај” итн…
Учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна во Македонија, од кои најпознати песни се: „Леонид со мајка вечера”, „Мајсторе, мајсторе”, „Две калинки”, „Слушни ја сестро песната”, „Мајка”, дуетот со Ѓоко Дончев – „Името не го даваме”, хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ – „Една куќа, две жени”. Многу од нејзините песни беа дел од многу изданија на носачи на звук – аудио касети и ЦД-а.
Деск

