Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај м.в. Ромската населба Битола, информира АМСМ.
Причина за блокадата е револтот на група Роми, кои реагирале поради измените во Законот за сообраќај, односно протестираат бидејќи им се одземале возилата на оние кои немаат положено возачки испит.
Според видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи, запалени се гуми среде пат, а Ромите кои протестираат бараат да продолжат слободно да ги возат своите возила без поседување на возачка дозвола, бидејќи повеќето од нив немале завршено училиште и не можеле да полагаат возачки испит.
Вчера во Битола беа одземени две патнички возила, кои ги управувале лица од Битола без положен возачки испит.
Деск
ПРОТЕСТИРААТ ОТИ САКААТ ДА ВОЗАТ БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ: БЛОКАДА НА ПАТОТ РЕСЕН – БИТОЛА!
1 Min Read

