По заминувањето на идејниот творец и заштитно лице Драган Б. Костиќ, радио брендот Диско Селектор продолжува да живее, соопшти тимот на продукцијата Диско Селектор.
-Со длабока почит кон неговата визија, креативност и неизбришлив придонес, ве информираме дека Диско Селектор останува активен и ќе продолжи да се развива преку своите официјални канали — Facebook, Instagram, како и преку официјалниот веб-сајт www.diskoselektor,mk
Континуитетот на брендот и сите идни активности ги презема тимот на продукцијата Диско Селектор, со цврста определба да се зачува автентичниот дух, препознатливата енергија и вредностите кои Драган Б. Костиќ ги вгради во овој проект. Оваа мисија останува наша трајна обврска и одговорност.
Воедно, ќе биде продолжена досегашната соработка со сите партнери, соработници и субјекти кои беа и остануваат дел од приказната на Диско Селектор. Стабилноста, меѓусебната доверба и професионалниот континуитет се темелите врз кои ќе се гради следната фаза од развојот на брендот, велат од продукцијата.
Додаваат дека во периодот што следува ќе продолжи објавувањето на веќе реализираните серијали и изданија, како и нивното понатамошно продолжување и надградување.
– Посебен фокус ќе биде ставен на третото издание од серијалот „Заборави ако можеш“, посветено на UK Top 40 хитовите од 1995 година, кое се наоѓа во финална фаза пред објавување, одбјавија од продукцијата, заблагодарувајќи се за поддршката.
Деск
Next Article МАЖ И ЖЕНА ОД НЕГОТИНО ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА

