Вчера во 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Т.Т.(34) и 29-годишната С.Т., двајцата од Неготино, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што известуваат од полицијата, при претрес, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, во домот на Т.Т., биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, шприц со течност и пари.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

