Иако имал три изречени мерки за забрана за управување моторно возило, прилепчанец бил затекнат како го вози својот автомобил на автопатот Градско – Велес, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес. Додваат дека возилото било одземено, а за прилепчанецот следува соодветна кривична пријава.
-Вчера во 10:10 часот на автопатот Градско- Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп.
При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија.
Тој бил приведен во полициска станица, а по насоки од јавен обвинител возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакнаа од полицијата.
Деск
СО ТРИ ЗАБРАНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ВОЗИЛО, ВОЗЕЛ НА АВТОПАТОТ ГРАДСКО-ВЕЛЕС: ОДЗЕМЕН АВТОМОБИЛОТ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦ
1 Min Read

