Против маж од Кавадарци ќе биде поднесена соодвтена пријава, бидејќи на Фејсбук страната на МВР напишал коментар со заканувачка содржина.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа извршиле службен разговор со 35-годишниот кавадарчанец А.Х. откако тој претходно на официјалната страна на Фејсбук на Министерството за внатрешни работи, напишал коментар со заканувачка содржина.
За случајот извести Секторот за внатрешни работи Велес, од каде додаваат дека бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против А.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

