Главната церемонија на свеченото отворање на 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026 ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, а паралелни церемонии ќе се одржат и во Кортина, каде македонски знаменосец ќе биде Атанасовска, а на церемонијата во Предацо македонското знаме ќе го носи Ставре Јада.
На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2 900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.
Распоредот за настап на македонските нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.
На 27-годишниот Јада, ЗОИ 2026 ќе му бидат трет олимписки настап, а на 25-годишната Ана Цветановска, ова е и втора Зимска Олимпијада, по онаа во Пекинг 2022.
Зимските олимписки игри 2026 ќе траат до 22 февруари.
Деск

