-Тајната на нашиот брак кој трае 84 години е љубовта, толку многу љубов, што ниту еден модерен компјутер не може да ја пресмета, вели Мариа Дино од Бразил за тамошните медиуми.
Парот со најдолг брачен стаж во светот е Маноел (105) и Мариа (101) Дино, кои се венчале пред 84 години. Животот го поминале мирно, и како што велат, идилично, одгледувајќи тутун, а секоја вечер седеле еден покрај друг, слушајќи радио или гледајќи телевизија.
Имаат 13 деца, 55 внуци, 54 правнуци и 12 пра-правнуци.
Инаку, рекордери по најдолг брак во светот се сега веќе починатите Давид и Сара Хил, кои поминале 88 години заедно.
Деск
МАРИА И МАНОЕЛ СЕ ВО БРАК 84 ГОДИНИ: ДЕЊЕ РАБОТЕВМЕ НА ТУТУНОТ, НАВЕЧЕР ПРЕД ТЕЛЕВИЗОР, МИРНО СИ ЖИВЕЕМЕ
1 Min Read

