Се случи трагичен исход во Општата болница во Чачак во ноќта помеѓу 11 и 12 февруари, кога триесет и осумгодишен маж почина во постоперативниот период по хируршка интервенција. Според официјалното соопштение, смртта настанала “по операција на аденоидите кај 38-годишен маж”, соопшти српското Министерството за здравство.
Според достапните информации, пациентот подолго време страдал од респираторни проблеми.
Ова е втора смрт во болницата во Чачак, откако пред неколку дена почина 4-годишно девојче, по рутинска операција на крајници.
-Со оглед на тоа што ова е втора смрт во истиот оддел во краток временски период, Министерството за здравство презеде итни мерки. Откако ги доби информациите, Министерството “веднаш ги испрати своите инспектори во Чачак”, а направени се и радикални кадровски промени.
Со одлука на министерот за здравство, управувањето со ОРЛ-одделот во болницата во Чачак е преземено од лекари од Универзитетскиот клинички центар на Србија и УКЦ Крагуевац, кои ќе го водат одделот “сè додека не се утврдат сите околности што доведоа до два фатални исходи на овој оддел во краток временски период”. .
Покрај промената во самото одделение, министерот презеде и поширок чекор кој ја опфаќа целата институција. Издадена е наредба за “воведување привремени мерки во ОРЛ одделението во Чачак, што подразбира преземање на управувањето со оваа здравствена установа во предвидлива иднина”, објавија српските медиуми.
Деск
ПО СМРТТА НА 4-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПО ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ, УШТЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ПОЧИНА ВО ЧАЧАК, ПО ИСТАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА
2 Mins Read
Next Article ТРАГЕДИЈА ВО САРАЕВО, ТРАМВАЈ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ!

