Најмалку едно лице загина, а неколкумина беа повредени откако трамвај излета од шините во четвртокот во центарот на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.
Несреќата се случила околу пладне спроти Музејот на Босна и Херцеговина, во трамвај што сообраќал на релација од железничката станица до Скендерија.
Тим на АА од местото на настанот известува дека најмалку едно лице загинало, а неколку други се повредени. Оваа информација за босанските медиуми ја потврди Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.
По излетувањето од шините, трамвајот завршил на коловозот, со што сообраќајот во овој дел од градот е целосно блокиран, а исто така е оштетена и трамвајската станица. На местото на настанот се присутни парамедици и надлежните органи, а областа на несреќата е оградена со полициска лента, објави Анадолу.
Деск
Фото: Самир Јордамовиќ АА

