-Не заминав затоа што не ја сакав мојата земја. Заминав затоа што сакав шанса, и денес моите врати се отворени за сите нашинци кои доаѓаат овде и им е потребна помош.
Имав многу препреки во животот, но со труд и учење ги надминав, и тоа во земја во која дојдов сам, без никој познат, за ВИКИМЕДИА вели специјалистот по гинекологија и акушерство, д-р Денис Аљуш (37), веќе со години наназад гради успешна кариера во Малта. 
Освен титулата Асистент Професор д-р, Катедра по Анатомија, Хистологија и Ембриологија, со која неодамна се стекнал, тој важи и за еден од најпопуларните модни инфлуенсери на островот.
Има своја модна линија, и како што вели, го живее животот за кој секогаш сонувал.
-Во Македонија се сретнав со многу предрасуди и препреки, едноставно, бев недоволно разбран од средината.
Тоа што дома се сметаше како преголема амбиција, во Малта се покажа како визија вредна за почит.
Жал ми е што мојата мајка Марија, која секогаш ми беше безрезервна поддршка во животот не е повеќе со нас, но верувам дека ја направив горд и доколку беше жива, секогаш ќе стоеше во првите редови, како сведок на моите успеси.
Но, во секој мој чекор напред, стои нејзината рака, и нејзината верба во мене продолжува да живее преку моите дела, ни раскажа д-р Денис.
В.К.

