Велешанец кој добил три дена отсуство од Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, бил ,,фатен” како вози со поништена возачка дозвола, па пак бил вратен во затворската установа, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 01:20 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(45) од село Бузалково, велешко.
При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал со поништена возачка дозвола поради издржување на казна затвор во Казнено – поправна установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес, а во моментот поседувал решение за домашно отсуство во траење од три дена, информираат од полицијата.
По насока на јавен обвинител возилото било привремено одземено, а Д.М. бил спроведен во установата за доиздржување на казната. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
ГО ПУШТИЛЕ НА ОТСУСТВО ОД ЗАТВОР, ПА ГО ФАТИЛЕ КАКО ВОЗИ БЕЗ ВОЗАЧКА И ГО ВРАТИЛЕ НАЗАД ВО ИДРИЗОВО
1 Min Read

