46-годишен Македонец е уапсен во близина на Белград, осомничен дека со шише бензин ја запалил пицеријата во која работел, а од каде добил отказ неодамна. Во времето кога го подметнал пожарот, внатре биле неговите колеги, кои започнале со гасење и спречиле голема трагедија, соопштија српските медиуми.
-Полицајците на Вождовац, во близина на Белград, уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците. Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста, пишува Информер.Рс.
Работникот кој бил отпуштен од работа, револтиран дошол во пицеријата со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на објектот. Тој го снимил пожарот, а потоа снимките им ги испратил на сопствениците со порака „Гледајте како гори“.
Осомничениот С.Г. е приведен до 48 часа по наредба на надлежното обвинителство, по што ќе биде приведен на распит заедно со кривична пријава.
Деск
МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД
1 Min Read
Previous ArticleМАКЕДОНИЈА И САД ЈА ЗАЈАКНУВААТ ТРГОВСКАТА ВРСКА

