Доктор Ненад Лазаров денес објави детали за донаторска акција на платформата E-Crowd, за која вели дека е најтешката и најитна кампања со која се соочиле досега. Станува збор за помош на 8-годишната Ана Јованчев, која е со тешка дијагозна, аргесивен тумор на синусите.
-Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози. На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex.
Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција.
Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност. Ова е најитната кампања досега. Секој изгубен ден значи дополнителен ризик. Секое одложување ја намалува шансата за навремена реакција.
Пред Ана е тешка борба – но таа не смее да ја води сама. Потребни се средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар кој ги надминува нивните можности.
Да покажеме дека солидарноста е посилна од болеста. Да дадеме шанса на едно 8-годишно дете да продолжи да сонува, да расте и да живее. Сега е моментот. Итно, објавено е на платформата за донации.
Како што е наведено на платформата, потребни се 6.170.000 денари за лекувањето на девојчето, а може да се донира на следниот линк:
https://ecrowd.mk/projects/045c8893-4e49-4a9c-b3cd-86bcbc4103c4?fbclid=IwY2xjawP8CtFleHRuA2FlbQIxMABicmlkETJJVEM0SDVCZGthcktYYlduc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHupiua7bpVp7zcsnpyVbg1QrHb5akuznOllR5ggACuJK7jY6hfo1TnNu-nv5_aem_Jj9TLFrVMpT4PiaE4jkUBg
Деск

