Вчеравечер во Белград, Србија се одржа традиционалната „Охридска вечер“, настан посветен на промоција на туристичките потенцијали на Охрид пред претставници на туристичкиот сектор од регионот.
На настанот присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, кој доби специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации, поради гостопримството и придонесот за развојот на туризмот.
-Особена чест ми е што на оваа свеченост ми беше доделена специјална повелба од страна на Балканска алијанса на хотелски асоцијации (BAHA), како признание за гостопримството, соработката и придонесот во развојот на туризмот на Балканот.
„Охридската вечер“ е дел од промотивните активности на Општина Охрид во рамки на 47-то издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград и важна можност за нови контакти и унапредување на туристичката соработка, соопшти Пецаков.
Градоначалникот додава дека остануваат посветени на континуирана промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација и привлекување на поголем број туристи.
В.К.
ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПЕЦАКОВ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА ГОСТОПРИМСТВО И РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ НА БАЛКАНОТ!
1 Min Read

