Не се укинуваат вонредните студии – исклучок како и досега ќе бидат неколку регулирани професии, информираат од Министерството за образование и наука.
-Со новиот предлог Закон за високо образование кој е предмет на јавна дебата, не се укинуваат вонредните студии. По стапувањето на сила, исклучок како и досега ќе бидат неколку регулирани професии – медицина, фармација, стоматологија, ветерина и архитектура, кон кои единствено се додаваат студиските програми за наставен кадар во предучилишно и училишно образование.
Целосно неточни се информациите кои во јавноста ги споделуваат одредени општествени чинители, кои се обидуваат да ја дефокусираат дебатата насочена кон усвојување на најдобрата верзија на законското решение што ќе го унапреди квалитетот на високото образование и науката, обезбедувајќи повеќе права и можности за студентите, но и за наставно – научниот кадар, соопштија од МОН.
Од министерството потсетуваат дека законот е изготвен низ поширок, инклузивен процес во кој учествуваа над 60 универзитетски професори, експерти, претставници на студентите и граѓански организации.
-Дискусија ќе им на сите државни универзитети, консултирани се приватните високообразовни установи, а во меѓувреме секој засегнат или заинтересиран граѓанин за придонес кон подобрување на текстот на законот, може да достави предлог или сугестија преку владиниот ЕНЕР систем, како и на електронската адреса [email protected], истакнаа од МОН.
Деск
НЕМА УКИНУВАЊЕ НА ВОНРЕДНИТЕ СТУДИИ, ИСКУЧОК ЌЕ БИДАТ НЕКОЛКУ РЕГУЛИРАНИ ПРОФЕСИИ
1 Min Read
Previous ArticleДЕЈАНА – МАЈКАТА СО КРИЛЈА, ГО ОЧЕКУВА СВОЕТО ВТОРО ДЕТЕ

