Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат земјата во прва можна и безбедна прилика, поради влошената безбедносна состојба.
Воедно, Министерството препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер, сѐ додека не се стабилизира ситуацијата.
-За помош и асистенција, на располагање се 24-часовниот СОС телефон +389 75 268 736 и електронската адреса [email protected], како и дежурниот телефон на Дипломатско-конзуларното претставништво во Вашингтон +1 (202) 758-7798 и е-маил [email protected], објавија од министерството.
Од таму информираат дека континуирано ја следат состојбата и ќе ја известуваат јавноста за сите понатамошни случувања.
Деск
МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ СЕ НАОЃААТ ВО МЕКСИКО ДА ЈА НАПУШТАТ ДРЖАВАТА, АПЕЛИРА МНР
1 Min Read

