Вкупно 4 910 сообраќајни прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ во периодот од 16 до 22 февруари во градовите и на коридорите каде што се поставени камери за автоматско регистрирање на прекршоците. Најголем дел од нив, односно дури 4 691 се за возење со брзина поголема од дозволената.
-Изречени се вкупно 117 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 20,9 отсто во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот биле регистрирани дури 288 мерки забрана за управување со возило.
Од вкупно 117 мерки кои биле изречени изминатата седмица, 16 се за минување на црвено светло, а 101 се за брзо возење, од кои 75 за брзина поголема од 80 км/ч во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км/ч и седум за брзина поголема од 170 км/ч во ненаселено место, информираат од МВР.
Деск
НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПРЕКРШОЦИТЕ РЕГИСТРИРАНИ ОД СИСТЕМОТ БЕЗБЕДЕН ГРАД СЕ ЗА ВОЗЕЊЕ СО БРЗИНА ПОГОЛЕМА ОД ДОЗВОЛЕНАТА
1 Min Read

