По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, во тек на вчерашниот ден од Македонско еколошко друштво на терен констатирале дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. 
Како што известија од друштвото, следела координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција.
-Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис.
Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот, соопштија од МЕК.
Деск
ПОСТОЈАТ САМО УШТЕ 50 ЕДИНКИ НА БАЛКАНСКИОТ РИС, ВЕЛАТ ОД МАКЕДОНСКО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО, ОТКАКО ВЧЕРА БЕШЕ УСМРТЕН РИС НА ПАТОТ РЕСЕН-ОХРИД
1 Min Read

