Нема да биде дозволена употреба на електронски цигари внатре, затоа што тие се исто штетни колку и традиционалните цигари, кажа министерот за здравство, Азир Алиу, и посочи дека Македонија била на врвот на светот по консумирање на електронски цигари.
Исто така, тој вели дека ќе се забрани продажба на сите цигари со вкусови, кои ги користат младите, а ќе се продавале само електронски цигари со вкус на тутун или со неутрален вкус.
Пред медиумите на вчерашниот прес тој откри дека е одложена примената на измената на Законот за заштита од пушење за терасите.
Новитет е што наместо како што првично беше кажано, дека терасите мора да бидат отворени од три страни, сега ќе биде дозволено пушење на тераси кои се отворени од две страни.
Целта на овој закон, како што истакна, е да се заштити целото население, а посебно младата популација.
Деск
ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ САМО ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ СО ВКУС НА ТУТУН ИЛИ СО НЕУТРАЛЕН ВКУС, ВЕЛИ АЛИУ
1 Min Read

