80-годишен велешанец остана без своето возило бмв, откако истото синоќа изгорело во пожар кој настанал во неговата гаража, извести Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од полицијата, вчера во 18:20 часот во СВР Велес било пријавено дека во гаража на улица „Самоборска“ во Велес настанал пожар на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Т.Ц.(80) од Велес, во кој била опожарена и гаражата.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Деск

