Хуманите граѓани преку платформата за донации eCrowd.mk во изминатите две години донирале над 730 илјади евра. Средствата се наменети за лекување на наши граѓани, кои поради одредени причини не добиле финансиска помош од Фондот за здравство, па преку донации доаѓаат до средства со кои ќе ги платат трошоците за лекување.
Веста за донираните средства ја објави д-р Ненад Лазаров, кој е дел од платформата на која се објавуваат апели за донации кои се детално проверени и како што вели, безбедно е да се донира.
-Благодарност до сите што сте со нас на овој пат – за секоја донација, за секое споделување, за секој збор на поддршка.
Благодарение на Вашата доверба, реализиравме 130+ кампањи и обезбедивме над 45.000.000 денари помош за оние на кои им беше најпотребна, објавија од платформата.
Инаку, eCrowd.mk е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа во Македонија. Моментално во тек се десетици кампањи за донирање на средства за лица на кои им е потребно лекување, најчесто на клиника во странство.
Принципот на работа на сервисот за донации eCrowd.mk е сличен на оној на светските краудфандинг платформи.
Донации преку сервисот имаат право да собираат граѓански организации (правни лица регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации). Како донатори на сервисот може да се јават сите иматели на банкарски картички.
Вики Клинчарова
НАРОДОТ ДОНИРАЛ НАД 730 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗА ЛИЦА НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНО ЛЕКУВАЊЕ: Е-КРАУД ИМ ДОНЕСЕ НАДЕЖ ВО НАЈТЕШКИТЕ МОМЕНТИ НА НАД 130 СЕМЕЈСТВА!
2 Mins Read

