Општина Радовиш распишала тендер за набавка на 45 парчиња фигаро за коса, за сума од 700 евра, за да ги израдува жените вработени во администрација за Осми март, беше ударната вест која се објави во медиумите пред осум години.
Во тој период на чело на општината беше градоначалникот Герасим Конзулов, кој се најде на мета на критики од пошироката јавност поради изборот на подарокот.
Според јавните реакции, фигаро за коса бил несоодветен подарок за празникот кој е симбол за женската борба за рамноправност, па набргу потоа и самиот Конзулов ни изјави дека сепак, вработените нема да ги добијат овие асесоари за коса, туку им подготвил, според него, многу посоодветно изненадување.
-Тендерот за фигаро за коса е поништен, а дамите од администрацијата заслужуваат да имаат убава прослава и да се одморат на кратко. Затоа им организирав екскурзија во Мелник, Бугарија.
Се работи за две ноќевања, превоз и интересна програма. Околу 30 жени ќе заминат на ова патување, кое го спонзорира ,,Бучим”, каде и јас работев во минатото. Верувам дека оваа прошетка ќе биде многу подобар подарок отколку да добијат фигаро за коса – ни изјави тогаш Конзулов.
Тој беше на функцијата градоначалник од 2017 до 2021 година. Во изминативе неколку години, се почесто се случува градоначалниците да им подарат ружи на вработените, наместо поскапи подароци и екскурзии, како што беше пракса во минатото.
В.К.
КАКО ЖЕНИТЕ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ДОБИЈА ЕКСКУРЗИЈА ВО БУГАРИЈА, НАМЕСТО ФИГАРО ЗА КОСА: ОСМОМАРТОВСКО ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ПОДАРОКОТ ПОРАДИ КОЈ СЕ ПОНИШТИ ТЕНДЕР
2 Mins Read
Previous ArticleКУЛТНИОТ РОК БЕНД МИЗАР ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ФИЛХАРМОНИЈА

