Две лица се лишени од слобода во Кавадарци, од кои една жена која поседувала марихуана и бела грутчеста материја, како и мажот од кој ја набавила дрогата
-На 06.03.2026 во 21:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Е.Д.(44) од Кавадарци затоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, соопштија од СВР Велес.
Додаваат дека таа била задржана во полициска станица и во службен разговор изјавила дека дрогата ја набавила од М.М.(37) од Кавадарци.
-На 07.03.2026, по претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во дом и помошни простории на М.М. каде биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.
М.М., исто така, бил лишен од слобода и известен бил јавен обвинител. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од полицијата.
Деск
КАВАДАРЧАНКА ПРИВЕДЕНА ПОРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГА, ВО ПОЛИЦИЈА ГО ОТКРИЛА И ДИЛЕРОТ
1 Min Read

