На скопскиот аеродром синоќа пристигнаа 151 патник од Дубаи, и со тој лет започна евакуацијата на македонските државјани од земјите на Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови.
Патниците биле македонски државјани, како и еден е од Црна Гора, еден од Босна и Херцеговина, еден од Србија, двајца од Косово, а четворица се со холандско државјанство.
Според Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.
Процесот е целосно координиран од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот.
МНР ги повикува сите македонски државјани што сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на Министерството.
Деск

