Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во Идризово продолжи судскиот процес за пожарот во таканареченото кабаре „Пулс“ во Кочани во кое загинаа 63 младинци и деца, а повеќе од 200 беа повредени.
Сведокот Горан Инговски, кој е сопственик на продавница за пиротехника во Кисела Вода сведочеше дека и претходно, за време на настап на ДНК во клуб во Гевгелија, се запалиле звучници и платно.
Истакна дека ако бендот користел прскалки со домет од метар или два метра, немало да се случи пожарот, а кога ги погледнал видео снимките од пожарот, увидел дека станува збор за прскалки со домет поголем од три метри, какви тој немал, а дека оние кои биле користени во Пулс се продавале само на Бит пазар.
Игновски повеќе од 34 години работел со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани – озвучување, осветлување и сценски ефкети.
-Пред три години куферче за активирање на фонтани купи Панчо, а после неколку дена се јави дечко за кој потоа дознав дека се вика Буцо. Дојде ги зема и тоа беше. Тоа беше одамна и после тоа не се јавија да купат, изјави Игновски.
Деск

