Во недела (15.03.2026) да го бодриме нашиот единствен претставник на Зимска параолимпијада – Зимските параолимписки игри Милано-Кортина 2026, Зоран Јовановски, кој е и првиот македонски параолимпиец кој настапува на Зимската параолимпијада.
Тој ќе настапи во дисциплината СЛАЛОМ која е на програмата на последниот ден на игрите.
Како што информираат од Македонскиот Параолимписки комитет, тренинзите течат според предвиденото, а Зимските параолимписки игри (ЗПОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо се најголемите во историјата со најмногу национални параолимписки комитети (НПК) и спортисти што ќе се натпреваруваат.
Зоран, кој е од Ангелци, Василево, не е име кое е непознато во параскијањето. Тој во 2024 година дебитираше на трки од календарот на Светската скијачка федерација, а исто така е и првиот маратонец на Скопски маратон, кој го завршил со активна количка.
Неговото учество на Зимските параолимписки игри е историски чекор за скијачките спортови во Македонија.
В.К.
ВО НЕДЕЛА ДА ГО БОДРИМЕ ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ, НАШИОТ ПРВ УЧЕСНИК НА ЗИМСКАТА ПАРАОЛИМПИЈАДА!
1 Min Read

