За неколку дена треба да биде потпишан договор, во Кавадарци доаѓа Веро Џамбо, ќе отвора свој маркет, откри градоначалникот Митко Јанчев за време на седмата седница на општинскиот Совет.
Како што истакна, покрај Веро Џамбо, најдоцна до месец октомври ќе бидат отворени и вратите на ЛИДЛ маркетот, чија изградба е веќе целосно завршена.
-Кам маркет ќе го заврши објектот најдоцна до јануари 2027 година, доаѓа СПАР маркет, Рамстор… Ќе имаме и Веро Џамбо во Кавадарци, наспроти молот, кажа Јанчев од говорницата.
Инаку, Веро е карактеристичен што нуди широк, богат асортиман на локални и странски производи, односно производи што се застапени само во Веро Џамбо, а шопинг искуството е наменето за цело семејство.
Како потсетување, во градот е најавена и изградба на нов мол, на површина од околу 3.000 метри квадратни, инвестиција на струмичка фирма.
Исто така, КАМ ИМОБИЛИЕН ќе гради трговски комплекс, а во тек е изградбата и на комплексот Little America, во чиј склоп ќе биде сместен најсовремен трговски центар.
В.К.

