Малото гибонче Мики од Скопје ЗОО, како бебе, на возраст од само неколку месеци, бил отфрлен од мајката и се соочил со сериозни повреди на главата и епилептични напади. Во тие најкритични моменти, неговиот живот зависел од човечка грижа, посветеност и борба.
Зоонегувателката Зера, 24 часа дневно била покрај него, со мала помош од колешките дадилки, без ниту еден момент да остане сам. Името пак, го добил по еден од докторите кој го лекувал.
Со многу љубов, трпение и стручна грижа, Мики денес е здраво, активно и разиграно младо гибонче и во четврток слави прв роденден.
По тој повод, од Зоолошка градина Скопје ги канат сите кои сакаат да го запознаат Мики и заедно да го прослават големиот животен триумф, да дојдат во четврток во 12.00 часот на летниковецот пред мајмунарата.
Мики, кој е разиграно и активно гибонче, живее заедно со неговата сестричка Делфина.
Деск
ГИБОНЧЕТО МИКИ КОЕ БЕШЕ ОТФРЛЕНО ОД МАЈКАТА ПОЛНИ ЕДНА ГОДИНА, ЗОО СКОПЈЕ НАЈАВИ РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА
1 Min Read

