Вчера од Дубаи се реализираше третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток.
Правата група македонски државјани од Израел беа евакуирани по копнен пат до Шарм Ел Шеик, а потоа со владиниот авион до Скопје. Два лета од Дубаи до Скопје, а еден од Ријад, Саудиска Арабија слетаа во Приштина. Од МНР велат дека ова е последниот лет за евакуација на македонски државјани коишто побарале извлекување од Блискиот Исток.
Со реализацијата на тој лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605 лица.
По пристигнувањето во Скопје, евакуираните граѓани се заблагодија на Владата за организацијата на нивното враќање, за кое беа одвоени околу еден милион евра.
-Во Дубаи беше прилично безбедно, ама не беше пријатно да се биде таму. Зависи и во кој дел на Дубаи се наоѓаш. Не беше до толку лошо, но не беше сосема сигурно, кажаа дел од граѓаните кои се вратија во земјава.
Деск
НЕ БЕШЕ ДО ТОЛКУ ЛОШО, НО НЕ БЕШЕ НИ СОСЕМА СИГУРНО ВО ДУБАИ, КАЖАА ДЕЛ ОД ЕВАКУИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ
1 Min Read

