Со шеесет и шест гласа „за“, два „против“ и осум „воздржани“, Собранието попладнево го именуваше судијата Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.
Тој на функцијата државен јавен обвинител ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој си поднесе оставка на функцијата на 16 декември лани во очи седницата на која требаше да се расправа за негово разрешување на предлог на Владата.
-Имаме човек кој е мотивиран и мислам дека ќе биде прв меѓу оние кои сакаат да испорачаат правда. Се разбира, еден човек не може да направи се сам, затоа е потребен тим и тоа е она што се очекува во јавноста.
Се надевам дека ќе има поддршка од целото Јавно обвинителство за да се испорачаат резултати заради подобрување на состојбите, кажа вицепремиерот и министер за транспорт, Алекандар Николски.
Деск

