Популарната хрватска пејачка Нина Бадриќ имаше мини турнеја во Македонија и настапи во Скопје, Битола и Струмица. За време на посетата во Македонија, таа заминала и во Крушево, да ја посети спомен куќата на Тоше Проески.
-Многу одамна си ветив дека ако дојдам во Крушево, ќе запалам свеќа за Тоше и ќе ја видам неговата спомен куќа и неговиот роден крај.
Имав можност од Битола да заминам во Крушево, и дури сега се ми е јасно. Неговиот спомен дом, манастирот Свето Преображение кој му беше втор дом и родното место Крушево. Три нешта го одбележаа неговиот живот – верата, музиката и спортот. А тој нас не одбележа засекогаш, објави Бадриќ.
Таа објави видео од посетата во Крушево, и порача дека за неа Тоше бил најдобриот пејач кој го слушнала, најпонизниот човек кој го запознала, и преубаво момче со посебни очи.
-Никогаш заборавен и секогаш сакан. Тодор – Божји дар, напиша пејачката.
Б.Н.

