Данокот на додадена вредност на горивата се намалува од 18 на 10 отсто, на прес конференција откри премиерот Христијан Мицкоски.
Тој кажа дека очекува цената на бензинот да остане непроменета, а на дизелот да се зголеми најмногу до 3,5 ден за литар. Намалувањето на данокот ќе трае две недели, а ќе стапи на сила во понеделник на полноќ.
-Со мерката која ја усвоивме граѓаните и фирмите ќе можат да заштедат 200.000 евра на ден или 1,5 милиони евра за една недела, со оглед на тоа дека потрошувачката се движи околу 1,2 милиони литри дизел и 400.000 литри бензин, изјави Мицкоски.
Додаде дека електро-енергетскиот сектор е стабилен и дека земјава има резерви да се потрпре на сопствено производство за еден месец.
Околу мазутот, посочи дека размислуваат да интервенираат кон ЕСМ со одредена количина мазут за да не се зголемат трошоците на компанијата, со што се очекува да не се зголемува цената и да се задржи ниското ниво на инфлацијата.
Деск
НАМАЛЕН ДАНОКОТ НА ГОРИВАТА ОД 18 НА 10 ОТСТО: ЌЕ СЕ ЗАШТЕДАТ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА НЕДЕЛНО, ВЕЛИ МИЦКОСКИ
1 Min Read

