Скопје се позиционира помеѓу поскапите градови во регионот, каде цените на становите ги надминуваат цените дури и во некои градови од Европската Унија.
Просечна цена на квадрат, од 1.692 евра е регистрирана во Центар, просечната цена на станови во Карпош изнесува 1.558 евра за квадрат,а во Аеродром е 1.419 евра, според податоци од Агенцијата за катастар на недвижности, од Регистарот за 2025 година.
Регистрирана е продажба на деловен објект во Центар за неверојатни 6,8 милиони евра, куќа во Центар за 1,5 милиони евра, како и стан во Аеродром за 166.500 евра.
Како главни причини за поскапувањето се наведуваат зголемените трошоци за градежни материјали, повисоките цени на земјиштето, како и зголемената побарувачка од домашни купувачи и инвеститори од дијаспората. Дополнително, ограничената понуда на нови станови во атрактивните локации создава дополнителен притисок врз цените.
Граѓаните, пак, сè потешко доаѓаат до сопствен дом, бидејќи растот на платите не го следи темпото на поскапувањето. Банкарските кредити стануваат сè почеста опција, но и тие носат дополнителен финансиски товар за домаќинствата. Експертите предупредуваат дека доколку трендот продолжи, пазарот може да стане недостапен за поголем дел од населението.
Деск

