Во стан во Неготино, без негово знаење, на неготинец му била фотографирана личната карта од страна на лице од Велес, кое потоа подигнало кредит од 2.500 евра во негово име, извести МВР.
Како што соопштија од министерството, настанот се случил лани во септември, а денес била поднесена кривична пријава против велешанецот.
-СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“.
На 30.09.2025 во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност во негово име аплицирал и му бил одобрен кредит од финансиско друштво, по што подигнал 149.000 денари, известија од секторот.
Деск
ВЕЛЕШАНЕЦ БЕЗ НЕГОВО ЗНАЕЊЕ МУ ЈА ФОТОГРАФИРАЛ ЛИЧНАТА КАРТА НА НЕГОТИНЕЦ И ПОДИГНАЛ КРЕДИТ ОД 2.500 ЕВРА НА НЕГОВО ИМЕ
1 Min Read

