Министерството за култура известува дека е распишан конкурс за доделување на државната награда ,,23 октомври” за 2026 година.
Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна Македонија.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
-Државната награда, под условите определени во Конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.
На секој член на наградена група творци или екипа му се доделува диплома и еднаков дел од паричниот износ.
На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.
Паричниот износ на државната награда „23 Октомври“ изнесува десет (10) просечни месечни плати во Република Северна Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
Државната награда „23 Октомври“, по правило, се доделува секоја година, соопштија од министерството.
Конкурсот ќе трае од први до 30 април.
Деск

