-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР утврди пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство. Одделот достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за случајот кој ја потресе јавноста, кога на втори март Ивана Јовановска и нејзината 6-годишна ќерка Катја починаа по пад од балкон.
Жената била жртва на долгогодишно семејно насилство од страна на нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски, кому вчера започна да му се суди за загрозување на сигурноста за тешка телесна повреда и за наведување на самоубиство.
Вчера во судница, додека се изнесуваа мачни детали од изживувањето кое тој го вршел врз сопругата и ќерката, обвинетиот првин се смееше, за да потоа почне да плаче и тврди дека тој на ја терал сопругата да се самоубие.
Известувањето од МВР е доставено до Обвинителството во текот на вчерашниот ден, а ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.
Деск
ДУРИ 39 ПОЛИЦАЈЦИ ПОГРЕШНО ПОСТАПИЛЕ КОГА ИВАНА ГО ПРИЈАВУВАЛА СТОЈАНЧЕ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО!
1 Min Read
Previous ArticleЗА 2.470 ДЕНАРИ ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР

