Во времето кога како средношколци биле на младинска работна акција во Демир Капија, на јужната делница од автопатот Братство-Единство, за да настапат на приредба, Панче Кочовски и Крсто Таушанов во 1959 година го формирале Ансамблот „Мањифико“, а им се приружил и гитаристот Сергеј Поповски. Потоа, на негово место дошол гитаристот и вокал Митко Томов, а во 1960 година го откриле одличниот вокал на Невенка Арсова.
Над 3.700 самостојни концерти одржа Ансамблот Мањифико, оставајќи културно богатство од голем број на албуми кои се продаваа во златни тиражи. Нивната изведба на популарна латиноамериканска музика се слушна на сите континенти, и одржаа голем број на хуманитарни конецрти, посебно за Скопје, по земјотресот.
Ансаблот „Мањифико“ настапувал пред претседателот на Југославија Јосип Броз Тито, а неколкупати и пред дипломатскиот кор на тогашната федерација.
Мексиканскиот претседател Лопез Матеос, воодушевен од нивните изведби, им подарил комплет мексикански оригинални народни носии.
Невена и Панче беа заедно 58 години, се до смртта на Невена во 2022 година, а од бракот ги имаат ќерките Лидија и Тања.
Лани во октомври, со ретроспективна изложба во Музеј галерија Кавадарци се одбележаа 66 години од основањето на славната група, а изложбата пред се беше посветена на починатите членови на „Мањифико”, сите извонредни музички уметници, на чело со вокалниот солист и ѕвезда на ансамблот, Невенка Кочовска.
Деск
Previous ArticleСЕ БАРА ДОМ ЗА КУЧЕНЦАТА НА ЧИЧКО ДРАГИ ОД РЕКОРД

