Потребно е згрижување за кученцата за кои целиот свој живот се грижеше Драги Паровски, познат во јавноста како чичко Драги од Рекорд. По неговата смрт минатиот месец, дел од нив биле во пансион во Куманово, а пак за дел од нив се грижел Владо Ѓорѓев, граѓански активист.
Токму Ѓорѓев го објави апелот за вдомување и истакнува дека тој ќе ги покрие трошоците за вакцинирање, чипирање, пасоши… 
-Чичко Драги Рекорд си замина, но неговите кутриња останаа, дел се во пансион во Куманово до крајот на април, еден дел јас се грижам за нив, но ни пола не можам да се грижам како чичко Драги, така да, не се добро згрижени, затоа ве повикувам кој може да помогне за да ги водиме, апелира Ѓоѓев на социјалните мрежи.
-Јас ќе им бидам спонзор за сите работи што треба да се направат, како чипирање, вакцинирање, прегледи ветеринарни, вадење пасоши… тој што ќе прифати некое кутре до вдомување ќе го покријам престојот и храната што ќе треба. Слободно контактирајте ме, ќе се договориме и ќе ги покријам сите трошоци.
Ми остави аманет чичко Драги за кутрињата, сите ги знам лично и на сите им бев кум, објави Ѓорѓев.
Деск

