На жена од Кавадарци и било удрено со кола и усмртено кученцето, додека со ќерката заедно преминувале улица во Неготино, соопшти полицијата.
Според пријавата, возачот не ни запрел на местото на настанот.
-Вчера во 15:10 часот во ОВР Неготино, 33-годишната В.М. од Кавадарци пријавила дека, додека се движеле по улица „Маршал Тито“ во Неготино заедно со нејзината малолетна ќерка и нивното куче, и се обиделе да ја преминат улицата, патничко возило удрило во кучето и го усмртило, по што заминало од местото.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.
Деск

