Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола покрена истрага и предложи притвор против 31-годишен битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија.
Осомничениот бил вработен во образовна установа, а во периодот од април 2024 година до 1 април годинава, на компјутерските уреди и опрема што ги користел дома, за себе набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.
За детална проверка на сите добиени сознанија во врска со случајот, од Обвинителството информираат дека освен во Битола, се преземаат дејствија и се вршат проверки и во Скопје и други градови.
-Постапката е резултат на предистражни дејствија на Обвинителството во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје, кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб-страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца, соопштија од ОЈО.
Деск
ВРАБОТЕН ВО ОБРАЗОВНА УСТАНОВА Е ОСОМНИЧЕН ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА!
1 Min Read

