Возобновениот Аматерски театар на Центарот за Култура ,,Ацо Ѓорчев” Неготино продолжува да носи нова културна енергија и ентузијазам меѓу граѓаните.
На 8 ми април ќе се оддржи премиера на новата театарска претстава „Женидба“ од Николај Василевич Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ташулов. Во овој проект целосно се вложиле вработените во центарот под водство на директорката Виолета Стојановска и успеале со сопствени средства и труд, без покровителство на Министерството за култура да дојдат до реализација на оваа претстава.

-Исто така, не застануваме овде. Во тек се подготовки за уште една одлична комедија која ќе отпочне со проби во август и уште една детска претстава во соработка со Основното училиште Страшо Пинџур Неготино, за ВИКИМЕДИА велат од центарот.
Поддршка за проектот пристигнува и од локалната заедница, која препознава дека ваквите активности се важни за развојот на културата и за збогатување на секојдневието во Неготино.
Аматерскиот театар има амбиција да прерасне во значаен културен центар кој ќе го врати сјајот на сценската уметност во градот, откако беше возобновен минатата година.
В.К.

