-Љубовта и посветеноста не зависат од возраста, туку од желбата и способноста да се грижиш за дете, кажа Адриана Илеску, пензионирана професорка и автор на детски книги, кога во 2005 година светот го обиколи веста дека таа ќе стане мајка на 66-годишна возраст.
Романката постави нови граници за тоа што значи мајчинство во современото општество, и во 2005 година, роди девојче по име Елиза, зачнато преку ин витро оплодување.
Поради нејзината возраст, бременоста беше внимателно следена од медицински тим, а породувањето помина со одредени компликации, што дополнително ја отвори дебатата за ризиците од доцното мајчинство.
Овој случај предизвика силни реакции ширум светот. Додека едни ја поддржаа нејзината одлука, истакнувајќи го правото на жената да стане мајка кога ќе посака, други ја критикуваа, посочувајќи ги етичките дилеми и прашањето за благосостојбата на детето. И покрај критиките, Илиеску продолжи да живее повлечен живот со својата ќерка, докажувајќи дека мајчинството може да има различни облици.
Според последните информации на ромаските медиуми, нејзината ќерка денес е успешен студент и израснала во стабилна и зрела личност.
Приказната на Адриана Илиеску и нејзината ќерка денес сведочи дека љубовта, грижата и посветеноста можат да ги надминат сите предрасуди, а времето често носи поинаква перспектива од онаа што јавноста ја има во моментот на осуда.
Деск
ЌЕРКАТА НА АДРИАНА, КОЈА СТАНА МАЈКА НА 66 ГОДИНИ, ДЕНЕС Е УСПЕШЕН СТУДЕНТ И ГОРДОСТ НА СВОЈАТА МАЈКА
2 Mins Read

