Улица покрај болницата во Кадис, Шпанија, е именувана Канело, а бронзена плоча со скулптура на куче на која пишува ,,На Канело, кој 12 години пред портите на болницата го чекаше својот починат господар”, е поставена од граѓаните на Кадис во чест на безусловната љубов на ова куче кон неговиот сопственик.
Канело беше куче кое живееше со својот сопственик во јужна Шпанија во 1980-тите. Тој беше единствениот пријател на старецот, кој живееше сам, и никогаш не го напушташе.
Жителите на градот Кадис често ги гледаа како шетаат, а кучето редовно го придружуваше човекот до болницата каде што одеше на дијализа. Канело го чекаше својот пријател пред вратите на болницата, бидејќи животните не беа дозволени внатре.
Еден ден, старецот не излезе од болницата, но кучето сепак го чекаше својот починат пријател, не обрнувајќи внимание на гладта и жедта, ниту на студот, дождот или снегот. Кучето остана пред вратата на болницата 12 години, чекајќи го пријателот да излезе и да се вратат дома.
Неговата верност не останала незабележана. Локалните жители и медицинскиот персонал почнале да се грижат за него, носејќи му храна и вода. Канело станал препознатлив лик во градот и симбол на љубов што не згаснува. Тој починал во 2002 година кога бил удрен од мотоцикл, на пешачки премин во близина на болницата.
Деск

