-Не јадев колбаси ниту сланина, ниту пушев цигари, ниту пиев алкохол. Тагата е најканцерогена, а јас ја имав во галони… -напиша еднаш Исидора Бјелица (1967-2020). Познатата српска писателка, публицистка и ТВ водителка продаде околу 3.000 ретки книги за да го плати своето лекување.
Цели осум години се бореше со карцином, и отворено зборуваше за тоа дека и биле отстранети матката и јајниците, и како освен со болките, мора да се бори и со психата.
Таа беше уникатна појава, препознатлива по своите ставови кои се судираа со конзервативната средина, но и по уникатните шешири, кои со тек на време станаа нејзин заштитен знак.
Беше во брак со 14 години постариот Небојша Пајкиќ, професор по драматургија и филмски сценарист и во бракот ги добија синот Лав и ќерката Вила.
-Трагав по лек во 12 земји. Четири пати бев на работ на смртта и четири пати се враќав. Тогаш видов колку е човекот глупав и мал, раскажа таа во едно интервју. Бјелица има објавено над 40 книги и даде голем придонес на уметничката сцена во Србија.
Деск
ИСИДОРА, ЖЕНАТА КОЈА НАПИША НАД 40 КНИГИ, А ПРОДАДЕ НАД 3.000 РЕТКИ КНИГИ ЗА ДА ГО ПЛАТИ СВОЕТО ЛЕКУВАЊЕ
1 Min Read

