Собранието го изгласа Законот и од мај стартува средното полициско училиште во Идризово, со цел да се подобри безбедносниот систем во земјата.
Собранието на Македонија со 61 глас „за“ го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка.
Новото училиште ќе започне со работа на 13 мај 2026 година во рамки на Центарот за обука во Идризово, односно како дел од Полициската академија. Образованието ќе трае две години (трета и четврта година), а ученици ќе можат да се запишат по завршена втора година средно образование, доколку ги исполнуваат условите.
Со законот се обновува средното полициско образование по повеќе од две децении, а целта е создавање стручен кадар и подобрување на безбедносниот систем во државата.
Деск
ПО ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ДЕЦЕНИИ СЕ ОБНОВУВА СРЕДНОТО ПОЛИЦИСКО ОБРАЗОВАНИЕ, ЦЕЛТА Е ПОДОБАР БЕЗБЕДНОСЕН СИСТЕМ
1 Min Read

